Фото: НАТО Самит/принтскрин

Лидерите на земјите-членки на НАТО на самитот се согласија дека иднината на Украина е во Алијансата, но тие не му предадоа покана на Киев, ниту пак прецизираа конкретна временска рамка за приемот што Украина го побара.

НАТО го отстрани и условот Украина да го исполни т.н акционен план за членство, кој ефикасно ја отстрани една од двете пречки на патот на Киев кон членство – пренесe „Ројтерс“.

– Иднината на Украина е во НАТО. Ќе бидеме во позиција да ја поканиме Украина да влезе во алијансата кога сојузниците ќе се договорат и ќе ги исполнат условите – се наведува во декларацијата што денеска ја договорија лидерите на земјите членки на Алијансата, истакнувајќи дека евроатлантските интеграции на Киев ја надмина потребата од Акционен план за членство.

Иако лидерите не ги прецизираа условите што Украина треба да ги исполни, беше наведено дека Алијансата ќе му помогне на Киев да постигне напредок во воената интероперабилност, како и во дополнителни реформи во демократскиот и безбедносниот сектор.