Иднината на Европската Унија делумно зависи од приемот на нови членки, особено на земјите од Западен Балкан – изјави словачкиот претседател Петер Пелегрини.
– Знам колку беше важно членството во ЕУ за Словачка. Планирам постепено да ги посетувам сите земји од Западен Балкан со цел да ги поддржам на овој пат, под услов да бидат исполнети сите услови“, ЕУ се соочува со предизвикувачки период – истакна Пелегрини.
Тој истакна дека Европската Унија се соочува со предизвикувачки период во кој ќе мора повеќе да се потпира на сопствените ресурси, или во зајакнувањето на конкурентноста, отпорноста или во економската сфера.
Пелегрини ова го изјави за време на средбата со вршителот на должноста шеф на претставништвото на Европската комисија во Словачка, Радим Дворжак, по повод одбележувањето на 21-годишнината од пристапувањето на Словачка во ЕУ.
Тој истакна дека членството во ЕУ и НАТО е еден од најголемите успеси на земјата, како и дека мнозинството словачки граѓани го поддржуваат членството во ЕУ, но предупреди дека оваа поддршка „не смее да се зема здраво за готово – пренесе Танјуг.
– Важно е постојано да ги истакнуваме позитивните аспекти од нашето членство во европската заедница. Луѓето мора да бидат свесни за предностите што ни ги нуди ЕУ, но во исто време мора да го препознаеме и важниот придонес на Словачка за иднината на Европа – рече Пелегрини.
Тој го поздрави пристапот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кон иновациите и вештачката интелигенција, кои ги опиша како клучен за иднината и конкурентноста на ЕУ.