Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека неодамна извршиле воздушни напади врз цели на Хезболах низ Либан, вклучувајќи камп за обука за членови на милитантната група и дополнителна воена инфраструктура.
Во соопштението на ИДФ се обвинува Хезболах дека го користи кампот за обука на оперативци за пукање со боева муниција, ракување со артилериско оружје и складирање оружје, објавува „Тајмс оф Израел“.
ИДФ потврди дека во нападите биле уништени локации за ракетни фрлачи и друга инфраструктура на Хезболах, велејќи дека дополнителни напади биле извршени длабоко во либанската територија врз згради што ги користи Хезболах за складирање оружје и спроведување воени операции.
ИДФ вели дека активностите на Хезболах го кршат договорот меѓу Израел и Либан постигнат минатата година и претставуваат закана за Израел.

































