Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон достигна нов најнизок рекорд од 16 проценти, објави BFMTV, повикувајќи се на новата анкета на институтот ИФОП, нарачана од весникот „Журнал де Диманш“.
Со ваквите резултати Макрон се приближува до рејтингот на непопуларност на неговиот претходник Франсоа Оланд, кој во еден момент беше 13 проценти.
Анкетата покажува дека премиерот Себастијан Лакорни ужива доверба од 38 проценти од испитаниците.

































