Во Урошевац, Косово, вчера околу 16.00 часот се случил вистински масакр на сред улица кога Е.С.(59) излегол на улица со нож и, како што јавуваат тамошните медиуми, се обидел да заколе две девојки, помлади од 18 години и двајца млади мажи на возраст од 29 и 32 години.
Повредените веднаш по инцидентот биле упатени во Ургентниот центар во Урошевац, по што две лица биле пренесени во Универзитетскиот клинички центар на Косово (ККУК) во Приштина, додека другиот продолжил со лекување во Урошевац.
„Повеќе полициски екипи, вклучително и Единицата за брз одговор, веднаш по злосторството започнаа потрага по осомничениот. По интензивна потрага, околу 16 часот и 40 минути успеале да го уапсат осомничениот во улицата Риза Матоси, во близина на трговскиот центар „Плус маркет“, соопштија од полицијата.
Соопштено е и дека осомничениот под засилени полициски мерки е приведен во полициската станица во Урошевац. Дополнително беше потврдено дека истражителите и регионалните форензички експерти го анализираат местото на инцидентот и пронајдоа остар предмет за кој се верува дека бил користен за време на нападот.
Во меѓувреме, директорот на Ургентната клиника Насер Сила изјави дека 10-годишното дете е во тешка состојба, но надвор од животна опасност.