Фото: Принтскрин/Јутуб

Високиот функционер на Хезболах, Наим Касем, предупреди дека Израел ќе претрпи тешки последици доколку го прошири конфликтот долж границата меѓу Либан и Израел.

– Доколку Израел одлучи да ја прошири својата агресија, ќе добие вистинска шлаканица како одговор – изјави претставникот на либанската милитантна група поддржана од Иран.

Според него, секое враќање на стабилноста на границата зависи од „престанокот на агресијата во Газа“, пишува „Тајмс оф Израел“.

– Непријателот мора да знае дека Хезболах е подготвен, дека се подготвуваме според принципот дека може да се случи бескрајна агресија, исто како што нашата волја да ја потиснеме агресијата е бесконечна – предупреди Касем.