Од 2016 година, голем број американски дипломати што живеат во Хавана, Куба, и нивните семејства се пожалија на мистериозни главоболки, губење на слухот, вртоглавица и гадење. Бројот на вработените во таа амбасада веднаш потоа беше сведен на минимум. Подоцна слични поплаки дојдоа и од други делови на светот. Американската влада долго време не ја исклучуваше можноста дека станува збор за некаков напад, но секогаш беше нагласувано дека „не се знае точно што стои зад тоа!“ Тим истражители испитале околу 1.500 случаи во 96 земји
Мистериозни симптоми се појавија кај 1.500 вработени во дипломатски претставништва на САД во 96 земји
Американската безбедносно-разузнавачка заедница не ја прифаќа претпоставката дека „странски противник“ е одговорен за таканаречениот хавански синдром што се појави меѓу американските дипломати. Станува збор за стотици случаи на оштетување на мозокот и други симптоми пријавени од американски службеници што работат во амбасадите во неколку земји.
Од 2016 година, голем број американски дипломати што живеат во Хавана, Куба, и нивните семејства се пожалија на мистериозни главоболки, губење на слухот, вртоглавица и гадење. Бројот на вработените во таа амбасада веднаш потоа беше сведен на минимум. Подоцна слични поплаки дојдоа и од други делови на светот. Американската влада долго време не ја исклучуваше можноста дека станува збор за некаков напад, но секогаш беше нагласувано дека „не се знае точно што стои зад тоа!“
Нема докази дека тоа е насочена енергија
Неодамна објавениот разузнавачки извештај на американското разузнавање става сериозен прашалник за претходните заклучоци на специјализираните американски служби што го истражуваа овој случај, а кои априори ги обвиниле службите на земјите домаќини, односно и Русија, дека тие се виновни за „напад на Американците со некаква насочена енергија“!
Интересно е тоа дека во извештајот се вели дека има повеќе докази дека „странските сили не биле вмешани“.
Во некои случаи, истражувањето на САД открило дека постои конфузија, но и сомневања дека синдромот на Хавана може да биде „американски заговор!?
Тајните служби истражиле 1.500 случаи низ светот
Според „Вашингтон пост“ може да се заклучи дека сè уште нема објаснување за овие случаи. Весникот цитираше член на американската тајна служба, која изјави дека тоа е фрустрирачка „загатка“, но и дека тие се отворени за нови идеи и докази.
Тим истражители испитале околу 1.500 случаи во 96 земји. Во многу од нив се пронајдени и други можни објаснувања, како медицински причини, лоша клима и вентилација или електромагнетни бранови од безопасни уреди, како што е компјутерско глувче. Повеќе од дваесет случаи биле детално истражени. Ниту еден од нив не бил поврзан со непријателски напад. Исто така, немало докази дека некој противник на САД поседувал оружје способно да произведе насочена енергија кон дипломатско-конзуларните претставништва на САД лоцирани во повеќе земји во светот и притоа од таквата фокусирана енергија од непознато потекло вработените Американци во ДКП да ги добијат пријавените симптоми.
– Здравствената состојба на американските војници и нивните семејства не се доведени во прашање – нагласи директорот на ЦИА, Вилијам Барнс. Во иднина, како што рече, ќе се продолжи да се внимава на здравјето и благосостојбата на вработените и да им се дава медицинска нега.
„Жртвите“ зборуваат за цел напад
Дури минатата година, независен панел од експерти дојде до заклучок дека некои случаи на хаванскиот синдром може да се предизвикани од некаква целна употреба на електромагнетно зрачење. Многу од засегнатите тврдат дека биле жртви на цел напад. Повторно и повторно како можен сторител се споменува Русија.
Според „Вашингтон пост“, сегашниот извештај речиси целосно ја побива таа теза. Болните дипломати постојано ја обвинуваат американската влада дека ја минимизира сериозноста на овие симптоми.