Палестинското исламистичко движење Хамас соопшти дека најмалку 210 лица се убиени, а 400 повредени во денешните израелските напади врз кампот Нусејрат, во центарот на Појасот Газа, каде што претходно беа ослободени четворица израелски заложници.
– Бројот на жртвите на масакрот што го изврши израелскиот окупатор во логорот Нусејрат е 210 маченици и повеќе од 400 ранети – се вели во соопштението на владината служба на Хамас, во кое не се споменува ослободувањето на заложниците.
Министерството за здравство во Појасот Газа претходно денеска соопшти дека за време на борбите загинале 94 Палестинци, меѓу кои и деца, а повеќе од 100 биле ранети.