Палестинската милитантна група Хамас објави дека извршила ракетен напад врз израелскиот град Ашкелон, откако на населението му даде рок до 17 часот по локално време да си замине.
Бригадите Ал-Касам извршија голем ракетен напад со стотици проектили врз Ашкелон, на само десет километри северно од Газа, како одговор на политиката на Израел за раселување на палестинските цивили, јавува палестинската телевизија Ал Акса.
Во соопштението се додава дека доколку не се стави крај на оваа политика, Ал Касам ќе продолжи да го урива Ашкелон, по што ќе продолжи кон уништување на друг град. Израелските медиуми го потврдија нападот на Ашкелон и прецизираа дека бил погоден хотел на брегот.