Блокчејн компанијата „Ронин“ денеска соопшти дека хакери извлекле криптовалута во вредност од 615 милиони долари од нејзиниот систем, што веројатно е најголемата кражба од ваков вид.
На 23 март хакери украле 173.600 етер токени и 25,5 милиони токени САД Коини. Вкупната вредност на овие криптовалути во моментов изнесува 614 милиони долари.
Ронин денеска ја открил кражбата.
– Соработуваме директно со голем број владини агенции за да се осигураме дека криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата – велат од компанијата чиј фокус се видеоигри.