Фото: ЕПА

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом денеска најави дека ќе поднесе тужба поради царините кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој го доведува во прашање овластувањето на Трамп да воведе царини од 10 отсто за сите стоки увезени во САД. Калифорнија ќе побара од судот веднаш да ги блокира сите царини – пренесуваат агенциите.

Њусом рече дека царините предизвикуваат хаос меѓу жителите на Калифорнија и ги загрозуваат нивните работни места.

– Ние се залагаме за американските семејства кои не можат да си дозволат да продолжи хаосот – рече Њусом.

Тој претходно побара од другите земји да ги ослободат стоките извезени од Калифорнија од царините што ги воведуваат како одговор на одлуката на Трамп.