Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за време на престојот во Украина го посети градот Буча. Тој ја повика Русија да соработува со Меѓународниот кривичен суд во истрагата за можни воени злосторства извршени за време на воените дејствија во Украина.
– Целосно го поддржувам Меѓународниот кривичен суд и ја повикувам Руската Федерација да се согласи да соработува со него. Зборувајќи за воените злосторства, не можеме да заборавиме дека најголемо злосторство е самата војна – истакна шефот на ОН за време на посетата на Буча во близина на Киев.