Фото: Антонио Гутереш/официјален инстаграм профил

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави предлогот на Трамп за мир во Газа, соопшти неговиот портпарол.

Портпаролот во изјава го цитира Гутереш кој вели дека „сега е клучно сите страни да се обврзат на договорот и негова имплементација“.

Шефот на ОН повторно повика на „итен и траен прекин на огнот, неограничен хуманитарен пристап низ цела Газа и веднаш и безусловно ослободување на сите заложници“.

– Обединетите нации остануваат цврсто посветени на поддршка на сите напори кои промовираат мир, стабилност и понадежна иднина за народот на Палестина и Израел и поширокиот регион – се наведува во соопштението.