Грчката влада подготвува пакет стимулации за враќање на младите во селата. Новата програма има за цел да ги насочи младите Грци во селата во пограничните области, а исто така и да ги врати младите специјалисти од странство, најави премиерот Киријакос Мицотакис. Премиерот изјави дека владата истражува дали економските стимулации можат да ги охрабрат младите да се вратат на село, за време на интервјуто за локалниот весник „Та Хоријатика“, објавено во саботата.
Во населените села, претежно во пограничните области, нема млади луѓе за поддршка на земјоделството. Едно истражување покажува дека младите би започнале агробизниси доколку им се даде финансиска помош и добри услови за живот.
Во оваа насока, Владата нуди стимулации за започнување семеен бизнис – помало оданочување, финансирање за почеток на компанијата, истражување за можностите за развој на земјоделска дејност во дадена област и уште поевтина струја.
„Ако, на пример, има турбини на ветер во општината, струјата може да биде и бесплатна“, објасни премиерот Мицотакис за грчките медиуми.