Утрово дошло до дополнително засилување на нападот во главниот град на Украина Киев, пренесуваат светските медиуми. Локалните власти велат дека фабриката за сериско производство авиони била погодена од руски гранати. Според „Гардијан“, не се знае колкава штета е направена.
Местото, познато и како Гостомел, се наоѓа на околу 11 километри северозападно од центарот на Киев и е најважниот меѓународен карго аеродром во земјата, како и клучна воена воздухопловна база. Серија видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат густ облак чад кој се издига над аеродромот.
Малку по пет часот погоден е и станбен блок во областа Оболон во Киев. Според првите информации две лица загинале, а тројца се повредени.
Локалните медиуми јавуваат дека била погодена ТВ кула кај Ривне во западна Украина. Засега не се знае што ќе прави по заминувањето од функцијата.
Пожарникари спасуваат луѓе од станбени згради во Киев. Ова видео го објави Државната служба за итни случаи.
Независен украински весник денеска објави видео на кое се гледа како пожарникарите спасуваат луѓе од станбени згради во Украина.
– Пожарникарите спасуваат луѓе од станбена зграда во Киев, тешко оштетена од руското гранатирање утрото на 14 март – напишаа тие.