Германска двојка го призна убиството на две украински мигрантки и кражбата на бебето на помладата жртва. Двајцата обвинети, идентификувани како 43-годишниот Марко и неговата 45-годишна сопруга Ина, се појавија во судот во јужниот град Манхајм во вторникот каде што признаа дека убиле 27-годишна Украинка и нејзината 51- годишната мајка во март минатата година.
На претходното рочиште, обвинителите опишаа како жртвите живееле во сместување за украинските баратели на азил во градот Висло, кога се сретнале со парот, кој ги понудил своите услуги на група Телеграм, објави Дојче веле.
Кога 27-годишната девојка родила бебе во февруари, тие наводно почнале да смислуваат план да ја убијат и да го земат бебето. Двојката ги однела двете Украинки во ресторан на почетокот на март и им ставиле седатив во пијалоците, соопштија обвинителите. Тие, наводно, ја однеле постарата жена до езеро каде мажот ја претепал до смрт, а потоа ја однеле помладата жена на брана каде на ист начин била убиена, пред мажот да и го запали телото. Посмртните останки на младата жена беа пронајдени за неколку часа, додека полициските нуркачи го открија телото на постарата жена неколку недели подоцна.
Бебето од парот е одземено неповредено, а двајца осомничени се приведени. Говорејќи пред судот во вторникот преку неговите адвокати, мажот рече дека тој и неговата сопруга веќе имаат четири деца и дека се подготвени да убијат за да имаат уште едно свое бебе, по повеќекратните спонтани абортуси и неуспешните третмани за неплодност.
Двојката е обвинета по две точки од обвинението за заедничко убиство и една точка за киднапирање бебе.
Окружниот суд во Манхајм закажа девет дена судење до крајот на февруари.
Детето сега живее со тетка во Украина.