Германското Министерство за одбрана денеска информира дека на Полска ќе ѝ понуди поддршка во патролирање во нејзиниот воздушен простор.
– Патролите ќе доаѓаат од базите на германските воздухопловни сили, тоа веќе го правевме на почетокот на оваа година до јули, тоа е испробано и тестирано – рече портпаролот Кристијан Тилс.
Тој додаде дека за ваквата понуда германската министерка за одбрана ќе разговара со нејзиниот полски колега, подоцна во текот на денот.
– Доколку Полска сака тоа може да се направи уште утре – рече Тилс, додавајќи дека авионите не ќе мора да се префрлаат во Полска за оваа операција.