Германија ги повика своите граѓани кои живеат во странство брзо да се пријават за претстојните парламентарни избори на 23 февруари, јави ДПА.
Апликациите за регистрација сега можат да се достават до соодветните германски претставништва.
Германците кои живеат во странство спаѓаат во категоријата граѓани кои не се регистрирани во Германија.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер вчера го распушти парламентот и ги закажа изборите за 23 февруари. Изборите ќе бидат предвремени бидејќи ќе бидат одржани седум месеци пред првично закажаниот датум.
Одлуката за распишување предвремени избори уследи по падот на трипартиската коалиција на канцеларот Олаф Шолц во ноември и по изгубеното гласање за доверба на 16 декември.