Генералното собрание на ОН со големо мнозинство денеска усвои резолуција со која „бара“ Русија „итно“ да се повлече од Украина, како силен укор за воената операција на Москва од страна на глобалното тело задолжено за мир и безбедност.
По повеќе од два дена вонредна дебата, 141 од 193 земји-членки гласаа за необврзувачката резолуција. Кина беше меѓу 35-те земји кои беа воздржани, а само пет гласаа против.
Резолуцијата „најостро ја осудува“ руската воена операција врз Украина и ја осудува одлуката на претседателот Владимир Путин да ги стави своите нуклеарни сили во состојба на готовност.