Загриженоста за испораките на гас во Европа е голема по санкциите воведени кон Москва по руските воени дејствија врз Украина.
Според прегледот објавен денеска од швајцарската оперативна компанија „Норд стрим АГ“, од почетокот на годината секој ден во германската дистрибутивна мрежа се влеваат меѓу 1,63 милијарди и 1,76 милијарди киловат часови природен гас.
Руската државна компанија „Газпром“ е одговорен добавувач и поседува 51 отсто од акциите на „Норд стрим АГ“ и засега природниот гас продолжува да тече нормално од Русија во Европа.