Фото: ЕПА

Малцинската влада на францускиот премиер Себастијан Лекорну денеска се соочува со две гласања за доверба, откако премиерот го протурка буџетот за оваа година низ Националното собрание без конечно гласање.

Претставниците на Националното собрание треба денеска доцна попладне да ја започнат расправата за доверба на владата на левиот центар. Не се очекува паѓање на владата.

Лекорну ја обезбеди поддршката на социјалистите со отстапки во буџетот. Доколку владата го помине денешното гласање во Парламентот, буџетот за 2026 година се смета за одобрен.

Гласањето за доверба беше побарано од една страна од десничарските националисти на Марин Ле Пен, а од друга страна од левичарите, зелените и комунистите.

Нивниот обид да ја соборат владата е реакција на тоа што Лекорну го протурка буџетот за оваа година низ парламентарната сала, користејќи посебен член од Уставот без конечно гласање, по неуспешна потрага за компромис.

Лекорну и неговата влада веќе поминаа четири гласања во последните неколку недели, кои се однесуваа на делови од буџетот.