Фото: Пиксабеј

Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога во градот Руан.

– Националната полиција во Руан рано утринава неутрализираше вооружен поединец, кој очигледно сакаше да ја запали синагогата во градот – објави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин на Икс.

Франција ја има најголемата еврејска заедница по Израел и САД, како и најголемата муслиманска заедница во Европа.