Француската полиција денеска во центарот на Марсеј уби маж, кој претходно со нож избоде пет лица.
Инцидентот се случил во хотел, а помеѓу повредените се и менаџерот на хотелот и неговиот син. Еден од повредените е во тешка здравствена состојба.
Напаѓачот е имигрант од Тунис, кој легално престојувал во Франција. Тој бил избркан од хотелот бидејќи не плаќал.
Локалната полиција соопшти дека напаѓачот имал два ножа и лопата кога бил застрелан од полицијата – соопштија обвинителот Николас Бесон и локалната полиција.