Саботажа е извршена во делови од Франција врз мрежите со оптички кабли, соопшти утрово француската полиција. Според полицијата, саботажа е извршена во шест области во Франција, но Париз не е погоден.
Инцидентот се случи три дена откако координирани акти на саботажа ги парализираа брзите возови неколку часа пред церемонијата на отворањето на Олимпијадата, попречувајќи го патувањето на стотици илјади луѓе.