Фото: Пиксабеј

Во Франција обвинети се десет мажи за силување на петгодишно момче. Детето било силувано со помош на неговиот татко, кој исто така учествувал во насилството – соопшти Обвинителството во Лил.

Обвинетите се на возраст од 29 до 50 години. Истрагата против нив почна на 15 февруари 2025 година, а злосторството врз детето било вршено во периодот од ноември 2024 до февруари 2025 година. Тие користеле дроги за зголемување на сексуалното задоволство, а во исто време го дрогирале и детето.

Максималната казна што може да им се изрече на силувачите во овој случај е доживотен затвор. Еден од силувачи извршил самоубиство минатото лето додека бил во притвор.

Таткото на детето е обвинет за инцест и за соучество во силување.