Фото: Пиксабеј

Француските власти го зголемија нивото на тревога поради ширење на птичји грип од средно на високо, и побараа од живинарските фарми низ целата земја да ја чуваат живината во затворен простор, предупредувајќи дека Европа се соочува со сезонска епидемија на болеста.

– Уредбата со која се наредува зголемување на нивото на тревога од средно на високо е издадена по докази за инфекција меѓу дивите птици преселници во Европа, вклучително и Франција, и потврдени епидемии на неколку живинарски фарми – соопшти француското Министерство за земјоделство.

Во соопштението на француското Министерство за земјоделство се потврдува дека досега се откриени две епидемии на птичји грип на француски живинарски фарми и три кај домашни одгледувачи.

Првиот случај на птичји грип беше откриен кон средината на октомври на фарма за фазани и еребици во северна Франција.

Високо патогениот птичји грип е сезонска болест што ја шират птиците преселници, која често предизвикува одгледувачите низ целиот свет да уништат десетици милиони птици.