Русија го прослави својот најважен национален празник со воена парада, 9 мај – победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Во говорот на Црвениот плоштад во Москва пред илјадници војници, претседателот Владимир Путин ја пофали неговата војска што се бори во Украина и ги обвини „западните елити“ дека ги поттикнуваат конфликтите ширум светот.
Путин предупреди дека неговите нуклеарни сили се „секогаш“ на готовс и рече дека Русија нема да толерира никакви закани од Западот – пренесе „Ројтерс“.
Парадата вклучуваше колони со руска воена опрема, која беше значително намалена во споредба со изминатите години, бидејќи Москва ги мобилизира своите ресурси за украинската фронтална линија.
На настанот присуствуваа девет светски лидери, меѓу кои и лидерите на поранешните советски републики Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан, како и лидерите на Куба, Лаос и Гвинеја Бисао.
Денешната прослава доаѓа два дена откако Путин на раскошната инаугурација на неговиот петти претседателски мандат, вети дека ќе им донесе „победа“ на Русите.