Фото: Маја Јаневска-Илиева

Украина би можела да стане членка на Европската Унија пред 2030 година, доколку продолжи со реформите со истата динамика и квалитет, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на денешната прес-конференција.

Фон дер Лајен нагласи дека процесот на проширување на ЕУ се заснова на заслуги и дека пристапувањето мора да биде корисно и за земјата-кандидат и за Унијата. Таа додаде дека Унијата избегнува да дава точни датуми за членство, за да не создаде нереални очекувања кај другите кандидатки.

– Украина добро напредува и ако продолжи со реформите со оваа брзина и квалитет, можно е да стане членка пред 2030 година – изјави Фон дер Лајен.