Фото: ЕПА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема лично да учествува во мировните преговори со Русија што се одржуваат денеска во Истанбул, потврдија од украинската Влада, а јави француски „Фигаро“.

– Претседателот одлучи дека денеска Украина ќе учествува во разговорите со Русија во Истанбул – изјави висок украински функционер, додавајќи дека составот на делегацијата е сè уште во фаза на финализирање.

Според француски извори, Зеленски рекол дека нема да присуствува на состанокот во Истанбул бидејќи „не е на претседателско ниво“, алудирајќи на фактот дека руската делегација не ја предводи рускиот претседател Владимир Путин.

Мировните преговори се водат со посредство на Турција, а се очекува присуство на официјални делегации од двете страни.