Orban Fico
Фото: ЕПА

Роберт Фицо повика Европска Унија да ги укине санкциите за увоз на руска нафта и гас, како и да преземе чекори за обновување на гасоводот „Дружба“, со цел справување со енергетската криза.

По телефонски разговор со Виктор Орбан, Фицо изјави дека Европската комисија треба итно да го обнови дијалогот со Русија и да создаде услови за снабдување со енергенси од сите можни извори, вклучително и од Русија, пренесе МИА.

Според него, земјите членки на ЕУ се соочуваат со недостиг од гас и нафта, а решението е во поголема флексибилност и отворање кон сите пазари за енергија.

Орбан, исто така, ја поддржа оваа позиција, предупредувајќи дека Европа се приближува кон сериозна енергетска криза. Тој истакна дека недостигот од енергенси и растот на цените ја загрозуваат европската економија и дека е неопходна брза реакција од Брисел.

Двајцата лидери сметаат дека санкциите кон Русија дополнително ја влошуваат ситуацијата и повикуваат на нивно итно укинување.