Фото: Доналд Трамп/инстаграм

Федерална судијка во Мериленд денеска го блокираше спроведувањето на извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп со која се ограничува правото на државјанство врз основа на раѓање во САД, што е втор пат суд да донесе таква одлука.

Судијката на Окружниот суд во Гринбелт, Дебора Бордман, назначена од претходникот на Трамп, Џозеф Бајден, издаде привремена забрана со која се блокира наредбата на Трамп да стапи во сила на 19 февруари на цела територија на САД.

Бордман застана на страната на две групи за правата на имигрантите и пет бремени жени кои тврдеа дека нивните деца се изложени на ризик противуставно да им биде одбиено американско државјанство врз основа на имиграцискиот статус на нивните родители.