фото: Принтскрин

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) објави фотографии од осомничениот за убиството на влијателниот конзервативен активист Чарли Кирк.

– Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од интерес во врска со фаталното пукање врз Чарли Кирк на Универзитетот во Јута – објави ФБИ на социјалните мрежи.

Претходно, Канцеларијата на ФБИ во Солт Лејк Сити отвори телефонска линија на која граѓаните можат да се јават доколку имаат информации.