Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го откри идентитетот на лицето кое пукаше врз поранешниот претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија.
– ФБИ го идентификува 20-годишниот Томас Метју Крукс, од Бетал парк, Пенсилванија, како човек вмешан во обид за убиство на поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули во Батглер, Пенсилванија – се наведува во соопштението на ФБИ.
Напаѓачот испукал повеќе истрели од „подигната позиција“ надвор од митингот на Трамп пред персоналот на американската тајна служба да го „неутрализира“ лицето кое пукало.
Доналд Трамп ранет во пукањето на изборниот митинг во Пенсилванија, напаѓачот убиен
– За време на предизборниот митинг на поранешниот претседател Трамп во Батлер, Пенсилванија, вечерта на 13 јули околу 18.15 часот, осомничениот стрелец испукал повеќе истрели кон бината од подигната позиција надвор од местото на митингот“ – се вели во соопштението на тајната служба.
Припадници на тајната служба „го неутрализираа напаѓачот“.
– Тајната служба на САД брзо одговори со заштитни мерки и поранешниот претседател Трамп е безбеден. Едно лице присутно на митингот загина, а други две лица се тешко повредени. Овој инцидент во моментов е под истрага и тајната служба го извести ФБИ“ – нагласи во изјавата Ентони Гуглиелми, шеф за комуникации на Тајната служба.
Трамп е повреден во десното уво, но како што и самиот изјави, тој е добро.