Фото: Принтскрин

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во еврозоната во јануари изнесувала 6,1 процент, покажуваат најновите податоци објавени денеска од Евростат.

Според анализата, ова ниво претставува намалување во однос на декември 2025 година, кога невработеноста изнесувала 6,2 проценти, како и во споредба со јануари минатата година, кога била евидентирана стапка од 6,3 проценти.

Во рамки на Европската Унија, стапката на невработеност во јануари годинава била 5,8 проценти, што е пониско ниво во споредба со декември 2025 година, кога изнесувала 5,9 проценти, како и во однос на истиот месец претходната година, кога достигнувала 6 проценти.