Европската комисија денеска ја усвои реформата на фискалните правила на ЕУ, оценувајќи дека промените се неопходни поради зголемувањето на јавниот долг во земјите-членки на Европска Унија, што е резултат на мерките за поддршка на домаќинствата и компаниите за време на пандемијата со ковид-19.
Реформата предложена од ЕК се оддалечува од сегашната обврска за намалување на годишниот долг доколку е над 60 отсто од бруто домашниот производ (БДП) и треба да покаже дека владите имаат свои планови за задолжување.
Според потпретседателот на ЕК, Валдис Домбровскис претстојат нови предизвици, како што е зелената и дигиталната транзиција, како и дека се потребни големи промени и инвестиции во следните години за снабдување со енергија.
Тој додаде дека фискалните правила ќе се фокусираат на намалување на долгот таму каде што е висок, врз основа на сопствените планови на земјите-членки, кои мора да ги почитуваат јасните услови на ЕУ.
Досегашните правила беа дел од Пактот за стабилност и раст, усвоен во 1997 година и кој беше подготовка за воведување на еврото како заедничка валута на 1 јануари 1999 година. Целта на тие правила беше да се обезбеди земјите-членки на ЕУ да водат здрава јавна финансиска политика и координација на фискалната политика.
Сепак, тие правила не се почитуваа за време на пандемијата со цел да не се предизвика колапс на европската економија, која мораше да се задолжува за да им помогне на домаќинствата и бизнисите