Фото: Твитер

Европската комисија (ЕК) нема да воведе нов пакет санкции против Русија утре, како што се очекуваше, објавувањето е одложено на неодредено време, објавува Политико, повикувајќи се на европски дипломат и функционер од една од земјите на блокот.

Според нив, објавувањето на 19-тиот пакет санкции „веќе не се очекува во среда“, а ЕК не прецизираше нови можни датуми за официјално презентирање на новите санкции, објавува Политико.

Политико пишува дека одложувањето е последица на поместувањето на фокусот на ЕУ од воведување нови санкции против Русија кон притисок врз Словачка и Унгарија да „ја намалат својата зависност од руската нафта“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе строги санкции против Русија ако сите членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор дејствуваат заедно и престанат да купуваат руска нафта.

Тој истакна дека фактот што некои сојузници на НАТО продолжуваат да увезуваат енергетски ресурси од Русија „ја ослабува преговарачката позиција на алијансата“.