Европските шефови на влади најверојатно ќе дадат зелено светло за воведување
привремен дополнителен данок на енергетските компании, за да се обезбеди олеснување на трошоците за најранливите потрошувачи
Европските лидери што ќе присуствуваат на денешниот состанок на ЕУ ќе се обидат да се усогласат за заеднички набавки на гас, течен природен гас и водород пред следната зима. Конфликтот во Украина предизвика цените на енергијата да се искачат на рекордно високи нивоа и ја натера Европската Унија (ЕУ) да размислува да ја намали употребата на руската нафта и гас оваа година. Овој потег ќе бара скок на увозот од други доставувачи, како Саудиска Арабија, Катар и САД. Лидерите на ЕУ веројатно нема да ја одобрат интервенцијата на пазарите на големо на енергија, но се очекува да се заложат постепено да ја укинат зависноста на Европа од руската нафта и да започнат со полнење на исцрпените складишта за гас што е можно поскоро.