Амбасадорите на земјите-членки на Европска Унија постигнаа начелен договор приходите од замрзнатите руски средства да се користат за воена помош за Украина, соопшти денеска белгиското претседателство со ЕУ.
– Тие пари ќе бидат искористени за поддршка на обновата на земјата и за воена одбрана на Украина во контекст на руската агресија – објави белгиското претседателство на платформата Икс.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го поздрави политичкиот договор.