Засега не се очекува ескалацијата на конфликтот во Иран да предизвика масовен миграциски бран кон Европа, соопшти Европска комисија.
Еврокомесарот за миграција, Магнус Брунер, по разговорите со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Турција ги затворила своите граници кон Иран.
Брунер и претходно посочи дека засега нема значајни движења на луѓе на надворешните граници на Иран. Сепак, нагласи дека европските институции внимателно ја следат ситуацијата и се во постојан контакт со партнерите од Блискиот Исток, како и со меѓународните организации.































