Европската унија ќе ги санкционира рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

– Ги ставивме на списокот рускиот претседател Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави Бербок додека пристигнуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел – пренесе Си-ен-ен.

Таа додаде дека двајцата се одговорни за тоа што во Украина умираат невини луѓе, а одговорни се, според неа, затоа што се нарушува меѓународниот систем, а ЕУ тоа не го прифаќа.