Европската унија и Велика Британија постигнаа договор за статусот на Гибралтар, што ќе го олесни прекуграничното тргување и патувањето до спорната територија, изјави денеска комесарот на ЕУ за трговија, Марош Шефчович.
Во објава на социјалните мрежи, Шефчович го нарече ова „историски значаен момент“.
– Постигнат е политички договор меѓу ЕУ и Велика Британија за идните односи во врска со Гибралтар. Ова им користи на сите и зацврстува ново поглавје во меѓусебните односи – објави Шефчович.