Фото: Твитер

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека ЕУ прави се што може да го поткопа претстојниот самит помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп и оти продолжува со напорите за ескалација на судирот во Украина.

– ЕУ спроведува активни субверзивни акции пред планираната средба во Будимпешта – наведе Захарова, додавајќи оти „агресивната западноевропска заедница сака да ги саботира сите мирољубиви стремежи“.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков наведе дека Будимпешта е избрана за средба помеѓу Путин и Трамп поради тоа што премиерот на Унгарија, Виктор Орбан има добри односи со американскиот претседател и конструктивни врски со рускиот претседател.

Работата за подготовка на претстојниот состанок во унгарската престолнина, чија цел е постигнување решение за конфликтот во Украина и развивање на односите меѓу Русија и САД, само што почнаа, посочи Песков.