Европската унија денес го поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и Сирија, повикувајќи на заштита на сите цивили.
-Сега е време за дијалог и потрага по вистински инклузивна транзиција. Заедно со локалните власти, преодните власти во Сирија имаат одговорност да ги заштитат сите Сиријци без разлика – се вели во соопштението на дипломатската служба на ЕУ.
Денеска повторно избувнаа борби во јужниот сириски град Свеида меѓу сунитските бедуински племиња и локалните милиции Друзи и покрај повиците за прекин на огнот.