Европската Унија ја поздравува заедничката изјава на Украина и САД по нивниот состанок во Саудиска Арабија, вклучувајќи ги и предлозите за договор за прекин на огнот, хуманитарните напори и продолжувањето на размената на разузнавачки информации и безбедносната помош на САД, се наведува во изјавата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во врска со вчерашната средба на американски и украински претставници во Ријад.
– Европската унија е подготвена целосно да ја одигра својата улога во поддршката на претстојните чекори, заедно со Украина, САД и другите партнери – нагласува Калас во писмената изјава.
Таа натаму додава дела целта на Европската Унија е да ја поддржи Украина во постигнувањето сеопфатен, праведен и траен мир заснован на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право.
– Предлогот за прекин на огнот, доколку биде прифатен од Русија, може да биде важен чекор во оваа насока. Сега е на Русија да ја покаже својата волја за постигнување мир – истакнува Калас, поздравувајќи ги при тоа напорите на Саудиска Арабија да биде домаќин на овие разговори.