Европската унија и Франција како претседавач со ЕУ покренаа иницијатива за итна мобилизација со цел соочување со последиците што војната во Украина ќе ги има врз светските пазари за храна.
Европскиот план се заснова на зајакнување на земјоделското производство, стабилизирање на пазарот и трговијата со храна, како и меѓународната солидарност, а треба да се дефинира до крајот на јуни за да се спречи евентуална нова криза со глад во светот.
– Руската агресија врз Украина ја предизвика најголемата хуманитарна криза на европскиот континент од Втората светска војна, а нејзиното негативно влијание ги надминува границите на европскиот континент-изјави еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич.
The war in Ukraine is also impacting global #FoodSecurity but first and foremost the most vulnerable communities around the ?, while the donor funding gap only continues to grow.
The ?? is determined to tackle this immediately in order to prevent a looming global food crisis. pic.twitter.com/FdD2xLTJPJ
— Janez Lenarčič (@JanezLenarcic) April 12, 2022
Светската програма за храна на ОН предупреди дека светот се соочува со комбинација на три големи кризи почнувајќи од војната во Украина, преку климатските потреси, до економските последици од пандемијата на Ковид, што доведува до зголемување на цените, недостиг на храна и можна нова глобална криза поради глад и големи миграции од Северна Африка и Блискиот Исток.
Тие додаваат дека уште пред војната во Украина имале јаз меѓу средствата со кои располагале и потребата од храна за најсиромашните ширум светот и дека тој јаз, со поскапувањето на енергијата и храната, сега скокна на речиси девет милијарди долари.
Извршниот директор на Програмата за храна на ОН Дејвид Бејзли вели дека оваа година украинските земјоделци, кои произведуваат доволно храна за 400 милиони луѓе ширум планетата, се на боиштата, така што земјата ќе остане необработена, а минатогодишните резерви до 30 милиони тони жито беа блокирани во Црното Море.
– Исклучително е важно Франција и ЕУ да го преземат водството со цел да се неутрализира недостигот на житарки што нема да се произведат во Украина. Последното нешто што ни треба е да добиеме милиони и милиони мигранти кои бегаат од Северна Африка и Блискиот Исток поради глад, покрај четирите до пет милиони луѓе кои бегаат од војната во Украина. Последно што сакаме е да земеме храна од гладните деца во Африка и да им ја дадеме на гладните деца во Украина, или да ја земеме од украинските деца и да им ја дадеме на децата во Авганистан-рече Бејзли.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан подвлече дека руската инвазија врз Украина, како „најголема житница на светот“, доведе до ризик во снабдувањето со храна, „а на тоа не придонесоа европските санкции кои дополнително без воведени“.
Тој нагласи дека во следните неколку месеци е неопходно да се изнајдат решенија меѓу државите, меѓународните организации и донаторите за да се обезбедат доволни количества храна по пристапни цени и без нарушување на пазарите на жито, за да се спречат можните последици како глад, дестабилизација и миграција.