Ерменците во Нагорно-Карабах се согласиле со барањето на Азербејџан да ги прекинaт борбите и да се разоружаат, јавија западни медиуми.
Тие се согласија нивните вооружени формации да бидат распуштени и разоружани.
Утре, 21 септември, претставници на Ерменците во Нагорно Карабах ќе се сретнат со претставници на азербејџанските власти.
Во Нагорно Карабах е објавен прекин на огнот од 9 часот по Гринич.