Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со својот ирански колега Месуд Пезешкијан изјави дека Турција е подготвена да вложи напори за олеснување на продолжувањето на нуклеарните преговори, објави Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.
Турскиот и иранскиот претседател разговараа за меѓународната ситуација, ситуацијата на Блискиот Исток и меѓусебната размена на удари меѓу Иран и Израел.
Во разговорот, Ердоган ја истакна важноста што Турција ја придава на мирот и стабилноста во регионот.