Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе застане на страна на Либан и ќе ја поддржи земјата со сите нејзини средства, откако Израел изврши напади врз Либан.
– Никогаш нема да ги оставиме нашите браќа од Либан во овие тешки денови и ќе ги поддржиме со сите наши средства – рече Ердоган.
Ердоган минатата недела ги осуди неодамнешните напади на Израел во Либан и ги нарече израелска политика на „геноцид, окупација и инвазија“, а истовремено го повика Советот за безбедност на Обединетите нации и другите организации да ја запрат еврејската држава.