Фото: инстаграм профил/Александар Вучиќ

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, американскиот претседател Доналд Трамп, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и сирискиот претседател Ахмед ал-Шара одржаа видео-конференција.

На онлајн состанокот, турскиот претседател изјави дека одлуката на Трамп за укинување на санкциите против Сирија е од историско значење. Според Ердоган, одлуката на САД ќе биде пример за другите земји што воведуваат санкции.

Турција ќе продолжи да ја поддржува администрацијата во Дамаск во нејзината борба против терористичките организации, особено Исламската држава, рече и турскиот лидер.

Ердоган, исто така, ги истакна тековните напори на Турција „за запирање на спиралата на насилство во Газа“.

-Време е да се стави крај на хуманитарната трагедија во Газа – рече турскиот претседател.