Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди Советот за безбедност на ОН поради неусвојувањето на резолуцијата за хуманитарна пауза во војната во Газа, пренесе „Ал Џезира“.
– Турските напори за воспоставување смиреност во регионот се попречени од „колективното казнување“ на Палестинците преку воздушни напади и распоредувањето на американски носачи на авиони во регионот – рече Ердоган.
– Советот за безбедност на Обединетите нации, кој стана уште понеефикасен, уште еднаш не ја исполни својата одговорност. Западните земји, кои не оставаат непревртен камен кога станува збор за човековите права и слободи, не презедоа никакви чекори освен долевање масло на огнот – истакна турскиот претседател.
Ердоган, исто така, го критикуваше „пристрасното и дволично“ медиумско покривање на конфликтот.